Околу 220 илјади евакуирани се уште не можат да се вратат дома поради пожарите во Франција

by vlatko 22:54
22:54

На околу 220 илјади луѓе кои беа принудени да се евакуираат од регионот Жиронд во југозападна Франција поради беснеење на шумскиот пожар, нема да им биде дозволено да се вратат дома сè додека пожарот не се стави под контрола, изјави денеска Софи Брокас, највисокиот претставник на регионот.

Францускиот претседател Емануел Макрон утре во 11 часот ќе претседава со состанок на кризниот кабинет за да разговара за шумските пожари што пустошат во неколку области во југозападна Франција, соопшти неговиот кабинет.

Огромниот шумски пожар во југозападна Франција создаде исклучително опасен „пирокумулонимбус“ – феномен што досега не е виден во земјата, изјави за АФП портпаролот на Националната федерација на пожарникари на Франција.

Оваа облачна формација настанува кога силните шумски пожари го загреваат воздухот близу до земјата, предизвикувајќи тој брзо да се издигне и да прерасне во „огнен облак“, кој потоа создава сопствен ветер и може дополнително да ги разгори пожарите.

Ако достигне големи димензии, може дури и да предизвика молњи.

Слични вести