Во Гостивар прегазен 15-годишник на тротинет

by irena 15:48
15:48

МВР информира дека синоќа во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул. „Живко Брајкоски“ со ул. „Ристо Оџаклиески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(58) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од 15-годишен малолетник од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Слични вести