Се судрија автобус и мопед – настрада 13 годишник

by irena 15:33
15:33

МВР информира дека вчера попладне во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Хец Козјак се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.В.(63) од с. Батинци, скопско и мопед управуван од А.Д.(18) од с. Цветово, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 13-годишен сопатник од мопедот, додека со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични вести