Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска оствари телефонски разговор со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, при што најостро го осуди денешниот инцидент во кој се опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Како што информираат од МНР, Муцунски ја извести својата бугарска колешка дека надлежните институции веќе преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и изведување на сторителот пред лицето на правдата.
Посочи дека Министерството дава целосна поддршка на институциите надлежни за истрагата, со цел таа да биде брза, ефикасна и транспарентна.
„Министерството дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел да се утврди одговорноста и сторителот соодветно да биде санкциониран“, и рекол Муцунски на Петрова-Чамова.