Министерот Клековски за акцијата: Не се лекови во прашање, туку суплементи за потенција

by jadranka 20:35
20:35

Суплементи за потенција се во центарот на акцијата која започна утринава против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи, откри во гостувањето во емисијата „Топ тема“, министерот за здравство Сашо Клековски. Најмалку шест лица се приведени во акцијата, а  се вршеа претреси во Скопје, Тетово и Гевгелија на десетина локации.

„Не се лекови во прашање, туку додатоци и надрилекарства. Случајот е поврзан со претходна акција, која не е поврзана со ботокс, а сите заедно се поврзани со сузбивање на шверцот и нелегалната трговија на лекови и суплементи и други средства кои предолго време претпоставувам биле толерирани, а може да доведе до големи нескани последици“ изјави Клековски во Топ Тема.

Министерот Клековски додава дека не станува збор за суплементи кои може да предизвикаат само финанскиски последици, туку и здравствени, бидејќи станува збор за нелегални суплементи.

„Во основа се додатоци кои имаат тревки во различни комбинации кои се продаваат со различни својства, како поддршка на машкоста, подобрување на работа на еден, друг, трет орган кои не се регистрирани во земјава за таква намена и се комплетно надвор од законот“, додаде Клековски за време на гостувањето.

Телма објави дека најмалку шест лица се приведени во големата акција која започна утринава против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи.

Слични вести