Прегазена е 50 годишна кумановка во Скопје

by irena 13:13
13:13

МВР информира дека вчера попладне околу 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Крушевска Република“ со ул. „Мирче Ацев“ во Скопје, патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(56) од Скопје, удрило во 50-годишната С.Б. од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Б., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести