Министерството за здравство со мобилна и веб апликација ,,Мое здравје”

by valentina 18:39
18:39

Од Министертвото за здравство промовираат апликацја ,,Мое здравје”, за која како што велат – Вашето здравје – достапно на едно место.

-Со апликацијата и веб-порталот „Мое здравје“, граѓаните имаат едноставен и безбеден пристап до своето електронско здравствено досие, со податоци евидентирани преку националниот систем „Мој Термин“.

Преку „Мое здравје“ може да направите увид во:
– прегледи кај матичен лекар
– лабораториски наоди
– рецепти и нивниот статус
– специјалистички, дијагностички и болнички упати
– вакцини
– активни записи и архива на претходни здравствени услуги

Податоците се синхронизираат од системот „Мој Термин“, кој повеќе од 10 години претставува важен дел од дигитализацијата на здравствениот систем, овозможувајќи подобра организација, побрза размена на информации и полесен пристап до здравствени услуги.

„Мое здравје“ може да се користи преку мобилна апликација или преку веб-портал, со најава преку eID – без потреба од креирање нов профил.

Преземете ја мобилната апликација или пристапете преку веб-верзијата:
https://moezdravje.e-zdravstvo.mk/app/login

Министерството за здравство продолжува со унапредување на дигиталните здравствени услуги, со цел поголема достапност, транспарентност и подобра грижа за секој граѓанин, велат од Министерството за здравство.

Слични вести