158
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги обвини САД за „безобзирна воена авантура“ токму во моментите кога се бара дипломатско решение за конфликтот. Тој порача дека Иранците никогаш нема да попуштат под притисок.
По вчерашната меѓусебна размена на оган, американската централна команда соопшти дека нивните сили онеспособиле два празни ирански танкери кои се обиделе да ја пробијат американската поморска блокада.
САД тврдат дека Иран извршил „неиспровоциран напад“ со ракети и дронови врз три американски воени брода.