Младиот математички талент Македон Димитровски постигна извонреден успех на Германската математичка олимпијада, освојувајќи два златни медали и уште еднаш потврдувајќи дека припаѓа меѓу најперспективните млади умови во светот.
Димитровски се закити со златен медал во индивидуална конкуренција по математика, како и со злато во математички предизвик. Благодарение на импресивните резултати, тој беше вброен и во престижната група лауреати – признание кое им припадна само на најуспешните натпреварувачи.
Големиот успех на социјалните мрежи го сподели неговиот татко Владимир Димитровски, кој изрази огромна гордост за постигнувањето.
„Горди сме да објавиме дека Македон постигна извонреден историски успех на Германската математичка олимпијада! Со своите блескави резултати беше прогласен и во престижната група на лауреати – признание резервирано само за најдобрите од најдобрите“, напиша тој.