Граѓаните денес се собраа во голем број пред училиштето „Владислав Рибникар“ за да им оддадат почит на жртвите од трагедијата од 3 мај 2023 година во која ученик уби девет ученици и вработени во учичиштето, а во таа пригода се случи инцидент.
За време на собирањето и формирањето на колоната, од една од зградите е испален топовски удар, а сега е објавена снимка од инцидентот.
По испалувањето на топовскиот удар, во толпата настанала кратка паника и врева.
Полицијата веднаш влегла во зградата од која е испален петардата.
„Сите стоеле во мир и тишина. Положиле цвеќе пред училиштето, за убиените деца и за хигиеничарот. Тишината ја прекинал силен истрел. Чад се издигал над групата што стоела во ред за да положи цвеќе, во најгустиот дел од толпата. Јавноста веднаш била вознемирена“, јави претходно новинарката на „Нова.рс“.