Филипче го обвинува Мицкоски за состојбата со медиумите, од ВМРО-ДПМНЕ му возвратија да си стави прст на чело

by vlatko 12:53
12:53

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, го искоментира падот на Македонија за 3 места на Индексот за слобода на медиуми на „Репортери без граници“, обвинувајќи го премиерот Христијан Мицкоски за ваквата состојба.

Филипче во објавата наведува дека извештајот на меѓународната организација е уште еден доказ дека медиумската мрежа во служба на Мицкоски „исполнува“ една од клучните реформски точки на европскиот пат на државата.

„Со Мицкоски, Македонија падна за 3 места на Индексот за слобода на медиуми на Репортери без граници. Сега сме во групата земји со проблематична состојба. Ова е уште еден доказ како Орбановата медиумска мрежа во служба на Мицкоски исполнува една од клучните реформски точки за ЕУ-слобода на медиуми. Браво. Доаѓа времето на вистината“, објави Филипче на Икс.

Во однос на тоа, реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, од каде преку соопштија дека тој има најмалку право да говори за слободата на медиумите и за извештајот на „Репортери без граници“ бидејќи, како што велат, нема медиум, портал и новинар со кои не се скарал.

„Односот на Филипче и СДС, по насока на пиар-шефот на куќниот пријател на (Зоран) Заев, Зоран Башановиќ, кон медиумите е крајно арогантен, срамен и во одредени случаи и безобразен.

Филипче треба да си стави прст на чело и да размисли што прави со новинарите и медиумите и дали тој негов однос е правилен. Доколку смета дека така треба, следната година уште надолу ќе одиме“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија падна за 3 места во Индексот за слобода на медиумите

 

Слични вести