Македонија падна од 42 на 45 место во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници (РСФ), така што сега е во групата земји каде ситуацијата е „проблематична“.
Од регионот, во групата земји со „задоволителна“ состојба се Словенија (36) и Црна Гора (41).
Хрватска (53) е во групата со „проблематична“ состојба, како и Бугарија (71), Албанија (83) и Грција (86), додека Босна и Херцеговина (90) и Србија (104) се во категоријата „тешка“ состојба.
Норвешка го задржува првото место десетта година по ред, додека Еритреја е на последното место трета година по ред.
Сирија по Асад бележи најголемо подобрување од сите земји со скок од 36 места во рангирањето.
За првпат во историјата на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, повеќе од половина од земјите во светот сега спаѓаат во категориите „тешка“ или „многу сериозна“ состојба за слободата на медиумите.
Во изминатите 25 години, просечниот резултат на сите 180 земји и територии вклучени во рангирањето никогаш не бил толку низок.