Уапсен е насилник во Скопје – со пиштол пукал кон сопругата и ги нападнал ќерките

by irena 10:25
10:25

МВР информира дека рано утринава во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека пред 5 дена од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нападна 24-годишната ќерка.

Според пријавеното, на 01 овој месец по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и 18-годишната ќерка, им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка.

Како што е пријавено, тој насилното однесување го повторил синоќа околу 22:30 часот при што повторно со пиштол се заканувал на сопругата, но бил спречен од ќерките да не го употреби.

Б.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести