Заев е таткото на бизнисот со канабис и има сведоштва за Дубаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ по најавата за тужба

by vlatko 10:46
10:46

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка – Зоран Заев, се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по најавата за тужба од поранешниот премиер и лидер на СДСМ.

„Над 20 тони дрога беа изнесени само од фирмата ЦБД Медплант во сопственост на Христијан Котев, син на Тони Котев, претседател на ОО Ново Село во времето на Заев. Заев и Венко им дадоа лиценци на овие луѓе, а гледаме како заврши истото. Заев е таткото на бизнисот со канабис. Оттука нека каже дали неговото семејство и нему блиски луѓе се влезени во тој бизнис? Зошто јавно лаже?“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат и дека реакцијата на Заев следува затоа што тој е исплашен од одговорност.

„Дополнително, за тоа дека градел облакодери во Дубаи има сведоштва од негови познаници и соработници кои јавно тоа го кажуваат. Заев треба јавно да каже врз кој основ и како стигнал до златна виза во Дубаи? Заев е исплашен до толку од одговорност што по се изгледа, почнува да станува клаустрофобичен? Заев се потврди дека ја води СДС, а Венко е парадерот. Одговорност и правда ќе има“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот премиер Заев реагираше на обвинувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период и побара јавно извинување од пратеникот Бране Петрушевски за, како што рече лагите, клеветите и злоупотребата на неговото име во „режирана драма“околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно несоодветно чување и складирање.

-Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста. Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа. А без никаков срам, подеднакво одвратни се и останатите нивни лаги за мене, кои ги повторуваат речиси секојдневно откако се повлеков од политиката, а посебно во овие скоро две години колку што се на власт, како онаа дека градам некакви облакодери од 40 ката во Дубаи, дека вршам притисок за купување на болницата на д-р Жан Митрев, дека се мешам во работата на правосудните и други институции, како и уште низа други измислици и конструкции – рече Заев.

Заев: Лага е дека сум поврзан со случаите со канабис и дека градам облакодери во Дубаи

Слични вести