Кавга за паркинг во Петровец – му извадил оружје и му се заканил

by irena 13:51
13:51

Скопјанец пријавил дека на паркинг простор, по претходно недоразбирање, едно лице се обидело физички да го нападне, а потоа му упатило закани со огнено оружје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (16.12.2025) во СВР Скопје, И.К.(41) од село Петровец, скопско пријави дека околу 18:00 часот во село Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне, а потоа му упатил закани со огнено оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести