293
Жестока тепачка се случи меѓу ученици во скопски Сарај.
View this post on Instagram
На видео снимката се гледа како група ученици, за кои неофицијално се верува дека се од централното основно училиште „Дитурија“, се тепаат пред или во училишниот двор со боксови и клоци, додека други деца стојат настрана и го снимаат насилството.
Засега нема официјални информации кога точно е направена снимката.
Од МВР само кратко информираат дека се постапува во врска со инцидентот.