Касами: Голема победа за европско Тетово

by vlatko 22:57
22:57

Оваа кампања ја заокружуваме на најдобриот можен начин, обединети околу идеалот за развојот на Тетово, за Тетово што чекори напред и не се враќа повеќе во калта на минатото, порача градоначалникот на Тетово и кандидат за уште мандат, Биљал Касами, на вечерниот собир во Тетово.

-Како што одевме рамо до рамо во оваа кампања, да излеземе масовно и во недела и сами да одлучиме за нашето Тетово. Ви благодариме што правилно ја прочитавте пораката и одговоривте на нашиот повик. Сега да ја испратиме пораката која вреди во недела: голема победа за европско Тетово – рече тој.

Слични вести