Српската полиција приведе две лица поради сомневање за напад врз уставниот поредок

by vlatko 22:25
22:25

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Одделот за криминалистичка полиција на Србија денеска приведоа две лица поради постоење основи на сомнение дека планирале и координирале со најмалку уште едно непознато лице дејствија што создаваат услови за итно извршување на кривичното дело – Напад врз уставниот поредок.

Дел од државните медиуми јавија дека Миша Бачулов е осомничен за наводно лажирање на неговото труење и дека имал намера да ги обвини за тоа српскиот претседател Александар Вучиќ и врвот на државата.

Медиумите, исто така, објавија видео снимка од разговор помеѓу Бачулов и друго лице со кое се разговара за планирање на наводен обид за труење на Бачулов.

Миша Бачулов, одборник на движењето „Биди херој“ во Собранието на Нови Сад, беше приведен неколку пати во претходните месеци.

Слични вести