Прилеп без струја поради дефект на 110 kV далекувод – МЕПСО работи на санација

by irena 21:16
21:16

Поголем дел од градот Прилеп во моментов е без електрична енергија поради дефект на 110 киловолтен далекувод Прилеп-Кавадарци.

Екипите на МЕПСО се на терен и интензивно работат на санација на проблемот со цел што поскоро да се воспостави редовното снабдување со електрична енергија.

Според информациите, вториот далекувод Битола-Прилеп кој го снабдува градот е во реконструкција веќе два месеца, што дополнително ја отежнува состојбата и моментално не дозволува пренасочување на електричната енергија преку алтернативна линија.

Слични вести