Дефект на далновод остави делови од Прилеп и околните места без струја

by irena 20:45
20:45

Општина Прилеп информира дека екипите на МЕПСО и ЕВН Македонија се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот со снабдувањето со електрична енергија.

Станува збор за дефект на далноводот Прилеп – Кавадарци, поради што голем дел од градот и населените места се без струја.

Општината ги замолува граѓаните за трпение и разбирање, и соопштува дека е во постојана комуникација со службите и ќе ги информира за сите нови информации.

Слични вести