Утринава заврна снег на Попова Шапка

by valentina 09:52
09:52

Од утринава паѓа првиот снег на Попова Шапка за оваа сезона. Од видео-камерите на ски-центарот може да се види дека планината е обелена и покриена со првиот слој снег.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрото беше студено, со минимални температури кои се спуштија до 4 степени во Крушево, 6 во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија, додека најтопло беше во Струмица со 10 степени.

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Слични вести