Уапсен е радовишанец (47) – ги тепаше сопругата и ќерката

by irena 13:00
13:00

МВР информира дека рано утринава во 01:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Д.(47) од Радовиш.

Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и нивната малолетна ќерка.

Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести