192
„По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново, иако се уште може да се забележи чадење од неколку места“ информираше денеска првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување – Стојанче Ангелов.
Тој доцна синоќа кажа дека пожарот е намерно запален, подметнувајќи пакети со сончоглед.