Предизвикаа пожар на дива депонија – зад решетки се двајца прилепчани и битолчанец

by irena 08:30
08:30

Уапсени се три лица во Прилеп за предизвикување на општа опасност по чл.288 од Кривичен законик.

Како што информираа од МВР, вчера во 10:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги уапсија Ф.М.(38) од Битола, М.С.(56) и А.Н.(23), двајцата од Прилеп.

Тие се сомничат дека претходниот ден во населба Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија.

Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Прилеп.

По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

Слични вести