Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот

by irena 08:09
08:09

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека секое идно мировно решение со Русија мора да вклучува силна украинска армија која ќе може да одврати и спречи нови напади.

– Денеска имав можност да нагласам дека гаранциите за безбедност мора да значат силна украинска армија, без ограничувања по однос на бројност, капацитети и вооружување, која ќе биде способна да се спротивстави на секоја агресија, рече Макрон пред новинарите по средбата во Белата куќа со претседателите Трамп и Зеленски и со други европски лидери.

Францускиот претседател додаде дека на разговорите не била разгледувана темата за евентуални територијални отстапки од страна на Украина.

Слични вести