Сончево време со можни попладневни нестабилности

by irena 08:02
08:02

Денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од југоисточен правец. Во попладневните часови се можни изолирани развои на нестабилна облачност, што може да донесе локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските предели.

Во Скопје, времето ќе биде слично: сончево со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Стабилно ќе биде поголем дел од денот, но не се исклучува краткотрајна нестабилност попладне.

Температурите ќе се движат во летни рамки, со највисоки дневни вредности околу 33–35°C.

Слични вести