Армијата со повеќе од 150 војници се вклучи во гаснењето на пожарите низ државата

by irena 21:44
21:44

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата.

Во координација со ЦУК и другите вклучени субјекти, армиските припадници беа ангажирани во гаснење на пожарите во Општина Македонски брод во селата Локвица, Крапа и Црешнево, на планина Готен во Општина Радовиш и општина Василево, Општина Берово и Општина Старо Нагоричане во реон на селата Бељаковце, Стрезовце, Облавце, Јачинце.

Слични вести