Напад со нож во комунална компанија во Германија – има жртви

by irena 09:24
09:24

Четири лица се избодени со нож во просториите на компанија во Мелрихштат, Германија, објави „Билд“.

Според локалните медиуми, нападот се случил во просториите на комуналната компанија „Überlandwerke Rhön“.

Полицијата потврди дека осомничениот маж е уапсен веднаш по инцидентот, а службите за итни случаи брзо интервенирале на местото на настанот.

Како што објави Билд, едно од повредените лица им подлегнало на повредите, додека другите тројца се здобиле со сериозни повреди.

Мотивот за нападот сè уште не е познат, а полицијата започна истрага.

Мелрихштат се наоѓа во округот Рајна-Грабфелд, на север од Баварија.

Властите ги повикаа граѓаните да останат смирени и изјавија дека нема непосредна опасност за јавноста.

Слични вести