(Видео) Возач се обиде да изгази демонстранти во Лос Анџелес

by irena 08:27
08:27

Демонстрантите продолжуваат да се судираат со полицијата во центарот на Лос Анџелес, а полицијата предупредува дека ќе одговори со соодветна сила доколку демонстрантите употребат „запаливи направи“.

Бројот на демонстранти на улиците на Лос Анџелес се намали, но некои групи сè уште се во „судар“ со полицијата, сообраќајот е во прекин, а чад се крева од автопатот 101.

Лентите кон југ на автопатот 101 се затворени до понатамошно известување поради протестот, соопшти Полициската управа на Лос Анџелес на X.

Возач е уапсен откако демонстрантите почнале да го бркаат во центарот на Лос Анџелес откако наводно се обидел да прегази луѓе. Во еден момент, можело да се слушнат истрели што доаѓале од возилото. Службеникот на полицијата во Лос Анџелес, Тони Им, изјави дека полицијата нема информации за можна пукотница и нема пријавени повредени.

Слични вести