Сончево со мала до умерена облачност со опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени

by irena 08:04
08:04

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер.

Од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без промени.

Слични вести