89 нови случаи на Ковид-19, нема починати

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.271 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 17 реинфекции.

Регистрирани сe 58 оздравени пациенти од, а во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

 

Досега во земјата се направени вкупно 2.034.656 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.595, бројот на оздравени пациенти е 300.675, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 633.

Поврзани новости