81 новозаразен и без починати лица во изминатите 24 часа

by fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 787 тестови, а регистрирани се 81 случај на КОВИД-19, од кои 25 се реинфекции.

Оздравени се 77 пациенти, не се регистрирани починати лица. Во моментов активни се вкупно 378 случаи на КОВИД-19.

Од новозаболените, 56 се од Скопје, пет од Прилеп, по тројца од Битола, Кратово и Куманово, по двајца од Кавадарци, Охрид, Тетово и Штип и по еден новозаболен од Берово Гевгелија и Кичево.

Досега во земјата се направени вкупно 2.167.428 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, а на починати е 9.531.

Поврзани новости