78 лица сè уште исчезнати во поплавите во Шпанија

by Fokus

Десет дена по катастрофалните поплави во Валенсија, Шпанија, 78 луѓе уште се водат како исчезнати, објави Владата на платформата Икс.

Претходната бројка на исчезнати лица во поплавите изнесуваше 93.

Додека официјалната бројка на загинати е 219 луѓе.

Во областа Валенсија откриени се 211 луѓе, а уште осум безживотни тела се пронајдени во соседните области Кастилија-Ла Манча и во Андалузија.

Невремето продолжува, така што синоќа обилниот дожд предизвика поплави во Каталонија и на островот Мајорка.

Поврзани новости