417
Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека нема сигурни 80 пратеници кои ќе гласаат за уставните измени.
-Досега 76 луѓе потврдија дека ќе гласаат за уставните измени во нивната конечна форма. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека гласаа за отварање на процесот за да дадат шанса, а потоа ќе одлучат дали ќе гласаат за уставните иземни. Тоа го кажаат транспарентно. Дали ќе имаме 80 гласови за уставните измени ќе знаеме на самиот ден на гласање, на деветти јануари, во моментот на гласањето, вели Заев.