72-годишна скопјанка одбила да ја продолжи врската, па партнерот ја истепал

by Fokus

68-годишен човек физички нападнал 72-годишна жена од Скопје, која не сакал да ја продолжи врската со него, пренесува МВР.

„На 09.02.2019 година во 10,15 часот во СВР-Скопје, Т.Д.(72) од Скопје пријавила дека на 08.02.2019 година во 20,00 часот во нејзиниот стан дошол В.Ц. (68), со кого претходно била во врска, и физички ја нападнал откако одбила да ја продолжат врската. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, додава МВР.

Поврзани новости