Неверојатни 70 милиони евра од буџетот за 2017-та година, ќе бидат издвоени за пополнување на дупката во Македонски Железници. Ваква одлука донела Владата на последната седница, а соопшти Министерство за транспорт и врски.
Со ова, како што се наведува во соопштението, треба да се подобри состојбата која изминатиот период се случува во „МЖ Транспорт“ и да се помогне во деблокада на целокупниот железнчки систем во земјата.
– Според законските прописи, овие дополнителни средства ќе може да се исплатат ако вработените за извршената работа приложат соодветна документација за направените трошоци за да може исплатените средства да се оправдаат во буџетот – стои во соопштението од Министерство за транспорт и врски.
Инаку, железничкиот сообраќај веќе една седмица е во прекина, поради штрајкот на вработените кои ги бараат своите плати.