70 години во чекор: „Танец” со јубилеен концерт

by fokus

Националната институција за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи јубилеен концерт во чест на 70-годишнината од своето постоење.

Оваа завршна година од седмата деценија, се одвива под мотото: „Остани во чекор“ – со минатото, сегашноста и современите текови.

-Програмата на овој музичко-сценски спектакл е базирана брз поновиот репертоар на ансамблот, а нејзиното мултимедијално обликување го навестува новиот модерен пристап на институцијата кон третирањето и на фолклорните содржини. Оваа свечена вечер, во чест на сите минати, сегашни и идни генерации чувари на македонското фолклорно наследство, ќе настапат првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец“ – информираат организаторите.

Концертот ќе се одржи на 25 јуни, со почеток од 20 часот во Националната опера и балет, а картите се веќе во продажба во „Југотон“ и на интернет сервисот: https://www.karti.com.mk/70-godini-tanec-jubileen-koncert.nspx?fbclid=IwAR0kVGupK2L3MZ1_e4vMEwNhgk9zegm7JjA3IKLvOM_dwK7dmseMZgNA3zE

Вики Клинчарова

Поврзани новости