Дури 68,7 отсто од граѓаните сметаат дека виновна за нивната сиромаштија е Владата, само 14,7 отсто се обвинуваат самите себе, покажува анализата на Институтот за економски анализи Finance think.
Два отсто од граѓаните остваруваат месечен доход над илјада евра, a 80 отсто од нив сметаат дека заслужни за нивното богатство се самите тие, или друг член на семејството. Никој заслугата не ја препишува на Владата.
Според анализата на Finance think, 21,9 отсто од домаќинствата се сиромашни, но поголем е бројот на граѓaните кои се доживуваат како сиромашни, односно 33,5 отсто од испитаниците одговориле дека се сметаат за сиромашни.
Како средна класа се произнеле 64 отсто од граѓаните. Средната класа, според граѓаните, се протега од 20.000 до 50.000 денари месечна заработка.