64.000 луѓе останаа без струја во Австралија поради тропскиот циклон: обилни дождови и опасност од поплави

by Fokus

Околу 64.000 луѓе утринава останаа без струја во австралиската држава Квинсленд, откако тропскиот циклон Кирили од втора категорија ја погоди областа, носејќи обилни дождови и висок ризик од поплави.

Компанијата за електрична енергија Ергон Енерџи објави дека повеќето потрошувачи останале без струја во градот Таунсвил и дека се уште не се знае кога ќе биде обновено снабдувањето, пренесува Ројтерс.

Метеоролозите прогнозираат дека циклонот денеска ќе донесе силен дожд во делови од северен Квинсленд, со максимална брзина на ветерот од околу 90 километри на час.

Австралискиот премиер Ентони Албанес рече дека воениот персонал е во подготвеност да помогне по циклонот.

Кирили е вториот тропски циклон што ја погоди областа од декември минатата година, кога циклонот Џаспер предизвика голема штета низ целиот регион.

Во меѓувреме, делови од Квинсленд и Нов Јужен Велс се прогнозира да достигнат 40 степени Целзиусови денес, што е многу над просекот за овој период од годината.

Поврзани новости