384
Пензијата што 300.000 пензионери ќе ја добијат наредниот месец ќе биде повисока за 621 денари. Ова зголемување на пензиите е предвидено со Буџетот и според Владата, средствата се веќе обезбедени.
Обезбедени се и средства од Буџетот за 2016 година за ново зголемување во октомври наредната година.
-Исто така, во октомври 2016 година ќе бидат исплатени по 650 денари зголемени пензии за сите пензионери во Република Македонија. Средствата кои се потребни за тоа се обезбедени во буџетот, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.