Живаљевиќ го демантираше ВМРО-ДПМНЕ: Македонските служби знаеjа дека сум во Собранието!

by fokus

Поранешниот советник за безбедност во Амбасадата на Србија во Македонија Горан Живаљевиќ вечерва ги негираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека македонските институции не му дале одобрување да влезе во парламентот за време на инцидентот на 27 април.

– Моето присуство во Собранието не беше ни тајно, ни скришно. Мојата мисија не беше тајна, ниту недобронамерна, а згора не се, македонските служби беа упатени, изјави Живаљевиќ за Танјуг.

Тој потенцира дека за престојот во Собранието добил одобрение од советникот за безбедност на претседателот на Македонија, Синиша Алексовски.

– Тој човек ја знаеше причината зошто бев таму и за тоа беше информиран. Мојата мисија таму не беше тајна и беше добронамерна во однос на безбедноста на Македонија, а во контекст на соработката која ја имаме со безбедносните служби на Македонија, наведе Живаљевиќ.

Тој тврди дека во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ намерно се прескокнува инстанцата Претседател на Републиката, пренесува МИА.

– Моето пријавување за активност таа вечер, на 27 април, беше насочено на самиот кабинет на Претседателот и неговиот советник за безбедност, вели тој.

Поврзани новости