59 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 27 упатени на вонреден технички преглед

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден (24.11.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата приведени се три лица поради недолично однесување, а констатирани се 59 сообраќајни прекршоци.

Упатени на вонреден технички преглед се 27 возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Поврзани новости