Вкупно 57 кандидати ќе се најдат во процесот за избор на седумчлената Антикорупциска комисија.
Претседавачот со Комисијата за селекција на кандидатите, пратеникот Мухамед Зекири денеска во Собранието изјави дека процедурата на интервјуирање на кандидатите која ќе биде јавна, ќе започне утре, а треба да заврши во среда на 6 февруари. Секој кандидат ќе има време од 30 минути за да одговори на прашањата што ќе му ги постават членовите на Комисијата за селекција, како и членови на МАНУ, Народниот правобранител, новинари, граѓански активисти кои се пријавиле да бидат дел од овој процес на интервјуирање.
Целата постапка за избор на Државната комисија за спречување на корупцијата треба да се заокружи на 8 февруари со гласање на пленарна седница на Парламентот.