Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.185 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи со КОВИД-19 и 94 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се девет реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (53г) и Охрид (78г), починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 03-08.05.2022 година, соопшти Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 2.061.739 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 312.345, бројот на оздравени пациенти е 302.602, на починати е 9.311, а бројот на активни случаи изнесува 432.