710
Професорот на УКИМ и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Гордан Калајџиев, денеска од Судот беше казнет со 50 евра или општо-корисна работа поради фрлање со боја кон државна институција за време на протестите од Шарената револуција.
Судот го казни според Законот за чистота, поради што доби прекршочна пријава за фрлањето со боја. Утрово околу девет часот, професорот Калајџиев беше повикан на информативен разговор во полициска станица, по што му беше одредена казната.
За Калајџиев ова е обид да се изврши притисок и да се заплашат активистите за човекови права, а за него фрлањето со боја е последниот начин кој им остана на граѓаните да се борат за враќање на правната држава која сега ја нема.