Војната во Украина многу ескалира во последните денови. Двете страни викендов ги изведоа најголемите напади со беспилотни летала од почетокот на конфликтот пред речиси три години.
На првите линии Русија напредува бавно, но систематски. Обрач се стега околу градот Покровск. Најблиските руски позиции се оддалечени само шест километри.
Во исто време, Русија се обидува да ги истисне украинските сили од нејзиниот западен регион Курск со десетици илјади војници, објави украинскиот врховен командант Олександр Сирски.
Коментарите на генералот Сирски дојдоа еден ден откако Њујорк Тајмс објави дека Москва собрала сили од 50.000 војници, вклучително и севернокорејски војници, долж регионот што се граничи со Украина, и дека подготвува масовна офанзива. Според извори во руските државни медиуми, Путин поставил краен рок до крајот на годината да ја врати контролата врз Курск.