Доколку се одлучите за реновирање на вашиот стан или куќа, треба да знаете дека пред вас е како голем финансиски предизвик, но и предизвик исполнет со стрес и предизвици. Многумина мислат дека таа работа може да ја завршат сами, со цел да заштедат нешто. Сепак, одредени работи при реновирање на домот треба да им се препуштат исклучиво на професионалци, односно стручни мајстори. Ја контактиравме платформата Daibau за да дознаеме кои работи не треба да се работат по принципот „направи сам“, односно, од исклучително значење е овие работи да ги вршат професионалци на својот занает.
Иако реновирањето куќа или стан е возбудливо, тоа претставува голем материјален трошок – во просек чини помеѓу 250 и 500 евра/м2. Ова е причината зошто многу луѓе за време на реновирањето одлучуваат да направат дел од работата сами. Сепак, подобро е одредени работи да се доверат на експерти, за да се избегнат потенцијални проблеми во иднина и нови, често повисоки, материјални трошоци.
Ја прашавме платформата Daibau.mk, која 3 години успешно ги поврзува мајсторите и сите оние на кои им требаат мајстори во Македонија, за кои работи при реновирање е потребно да се побараат изведувачи, доколку немате претходно искуство во градежништвото.
Електрични инсталации
Никогаш не треба сами да работите на електрични инсталации, пред се заради ваша безбедноста и сигурност.
Реновирањето на домот често вклучува делумна или целосна замена на електрични инсталации, поставување на нови приклучоци, прекинувачи. Правилно изведените електрични инсталации ќе го минимизираат ризикот од струен удар, ќе можат да го издржат предвидениот товар без преоптоварување на каблите и друго.
Електричарите се занимаваат со и со поставување на осветлување, па тие можат да ви ги дадат најдобрите предлози кога е во прашање изборот на осветлувањето и неговото правилно позиционирање.
Водовод
Водоинсталатер е уште еден занаетчија без кој не се може. Замената на водоводните и електричните инсталации е всушност една од најтешките работи при реновирање на домот.
Водовод не може да изведува човек без искуство, бидејќи може да доведе до огромни и скапи проблеми и итни интервенции: протекување вода, поплави, оштетувања на подови и ѕидови, ширење на мувла, гниење на мебелот…
Водоинсталатери се занимаваат со поставување санитарни јазли како што се кади, туш кабини, тоалети, мијалници… Ниту санитарната опрема не може да се монтира без претходно искуство, потребно е соодветно запечатување помеѓу санитарната опрема и ѕидот/подот со висококвалитетен силикон за да се спречи навлегување на вода и ширење на мувла.
Керамичарско-санитарни работи
Иако на прв поглед, поставувањето керамички плочки изгледа како лесна задача, реалноста е сосема поинаква.
Од платформата Daibau.mk посочуваат дека за таа работа, поставување плочки, најдобро е да се ангажираат мајстори. Плочките мора да бидат правилно поставени и добро фугирани за да се спречи навлегување на вода, нивно расклатување и одвојување од подлогата, оштетување.
Керамичките работи бараат прецизност, искуство и специјални алатки за правилно поставување на плочките.
Искусните плочкари ќе знаат да ве посоветуваат за избор на плочки, нивните димензии, форми. Ќе умеат и да ги скројат плочките на најдобар можен начин за да се заштеди материјал, односно, да се создаде што помалку отпад од сечење плочки.
Плочкарите се одговорни и за хидроизолација на бања. Доколку таа не е направена правилно, сите претходни чекори се бескорисни. По чистењето и израмнувањето на подот за поставување плочки, прво треба да се изведе хидроизолацијата. Задачата на хидроизолацијата е да спречи продирање на вода низ ѕидовите и плочките. Акцентот е на фугите помеѓу подот и ѕидот, бидејќи на овие критични точки најчесто навлегува вода доколку хидроизолацијата не е добро изведена.
Поставување на дрвени подни облоги
При реновирање паркетот тој се струга и лакира/мачка со масло, односно се поставува нов или се поставува ламинат.
Паркетот е една од најчестите подни облоги кај нас поради неговата издржливост, долговечност, естетичност и пред се можноста за поправка. Паркетот може да се обнови со стругање и лакирање или подмачкување. Колку пати може да се струга паркетот зависи директно од неговата дебелина.
За поправка на паркет, најдобро е да повикате специјалисти за паркет. Тие имаат машина за стругање паркет, знаат во кој правец треба да се струга (различно е за паркет со прави или дијагонални летви), вршат и фугирање на паркетот, т.е. пополнување на мали дупчиња. Паркетаруте ќе го лакираат или подмачкаат паркетот професионално, со што се обезбедува негова долговечност.
Меѓутоа, ако паркетот се откачил од кошулицата во поголем дел од станот, ако се истурила поголема количина на вода и паркетот се надул или ако веќе е толку пати струган што целосно е истенчен, најдобро е да поставите нов паркет.
Поевтина опција е ламинат. Оваа повеќеслојна, композитна подна покривка има многу предности: има добри механички карактеристики, малку е поотпорна на вода од паркетот, може да се појави во многу дезени, дури во имитација на бетон и природен камен. Но, има и одредени недостатоци: има значително пократок животен век од паркетот, помалку е отпорен на гребнатини и абразивни честички и нема можност за поправка.
Монтажа на столарија
Доколку на вашите прозорци постојано има кондензација, студен воздух постојано влегува иако прозорците се затворени, на спојките на столаријата и ѕидот се шири мувла, истата тешко се отвора/затвора, слушате бучава однадвор како да сте на улица, иако прозорците се затворени, јасно е дека ви треба замена на столаријата. Идеална прилика за тоа е за време на реновирањето на домот.
Секогаш бирајте енергетски ефикасна столарија со двојно или тројно застаклување. За која столарија и да се одлучите, важно е таа да биде правилно монтирана од страна на професионалец, како не би создале топлински мостови.
Добрите мајстори ќе спречат потенцијални проблеми во иднина и ќе овозможат вашиот дом да биде функционален и естетски.
ПР