На судењето за “Монструм” се гледаше снимка од пратенички прашања, по што Заев ќе сведочи и во судница

by fokus

На денешното рочиште за случајот “Монструм” се гледа видео снимка од собраниска седница, од 2018 година, на која зборувал доскорашниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Тој одговара на пратеничко прашање на пратеникот Зоран Илиљовски.

-Вие како опозиционер изјавивте дека имате прислушувани материјали со кои се расветлува сучајот “Монструм”. Дали имате докази и дали навистина ја откриваат вистината или доколку не е така, дали чувствувате одговорност што ги манипулиравте родителите на тие деца?, е прашањето на пратеникот до Заев.

Тогашниот премиер Заев, од собраниската говорница, вели:

– Ако Заев имаше конкретни докази, тие докази, бомби, ќе беа пуштени до крај . Во доказите има сериозни индиции и затоа се доставени до обвинителството. Еден од родителите слушна разговори на обвинетиот Фејзи Азири како разговара со градоначалникот Невзет Бејта  и го моли за субвенции. Ги виде и тие телефони кои наводбо биле скриени. Не смеев да ги објавам јавно, но имаше право да ги види родителот. Сите докази се доставени до СЈО, а има и дополнителни докази кои треба да се истражат, вели Заев.

Пратеникот му замери на премиерит дека тогаш манипулирал кога изјавувал дека има докази за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Набрзо во судница ќе се појави и Заев, со кого бараат да се соочат родителите на убиените деца.

Судењето е во тек.

В.В.

 

Поврзани новости