424
Сојузот на синдикати (ССМ) објави дека минималната синдикална кошничка за месец јули изнесувала 48.620 денари. Ова е зголемување за 441 денар во однос на минатиот месец.
20.004 денари или 44,6 отсто од потрошувачката кошничака се за исхрана и пијалаци, а потоа 13.664 денари, за домување, односно 30,46 отсто од потрошувачката кошничка.
3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје, наведува ССМ.
-Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на животот 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто се доаѓа до сумата од 48.620 денари, стои во соопштението на ССМ.