На новинарско прашање дали е можно да дојде до одвојување на Македонија и Албанија во процесот кон евроинтегративниот пат, по изјавата на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој во Тирана прецизира дека неговата земја ќе ја поддржи Албанија во процесот на европска интеграција, Османи со одговор:
„Дали ќе има одвојување – веќе треба да ги прашате од нашата опозициска партија во моментот. Топката е кај нас и уставните измени се моментот што ќе одлучува дали ќе има одвојување или продолжување на преговорите со ЕУ, заедно со Албанија. Тоа е прашање засега за опозицијата, а за кратко време ќе биде и за сите нас“, рече Османи.
Тој смета дека Франција е недвосмислена во поддршката на Македонија и Албанија кон нивниот евроинтегративен пат.
„Мислам дека не треба да извлечеме некаква порака од изјавата на Макрон бидејќи тој беше и во билатерална посета на Албанија и оттука пораките беа наменети за Албанија, а не за регионот“, рече министерот.
Потенцира дека е оптимист за уставните измени и дека нема да дојде до одвојување.